/ Прочитано:

4.168

Насоки од УЈП за пресметка на плата за 2019 година и новата верзија на клиентскиот софтвер

Врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и се плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување, почнувајќи со исплата на платата за месец јануари 2019 година, се променети, и тоа за следните придонеси:

придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување;

придонес за задолжително здравствено осигурување;

придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци;

придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци;

придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци;

придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци;

придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на како 14 месеци и

придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци.

Целосното соопштение за пресметката на платата за месец јануари 2019 година и најновата верзија на „МПИН“ клиентскиот софтвер може да се преземе на следниот линк.