Насоки за граѓаните за годишните даночни пријави кои УЈП треба да им ги достави најдоцна до 30 април
Управата за јавни приходи од почетокот на наредниот месец ќе почне да им ги доставува на граѓаните претпополнетите годишни даночни пријави за остварени приходи во текот на 2018 година. Пополнетите пријави граѓаните ќе ги добијат електронски, преку системот e-pdd.ujp. gov.mk, најдоцна до 30 април, а ќе треба да ги потврдат или да ги коригираат до 31 мај годинава.
Во врска со тоа, УЈП подготви и брошура која треба да ги упати граѓаните како да се регистрираат на системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk заради потврдување или коригирање на пополнетата годишна даночна пријава изготвена од страна на Управата за јавни приходи, за приходите кои граѓаните (како физичко лице – резидент на РМ) ги оствариле во текот на 2018 година. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход, УЈП од 1 јануари 2019 година изготвува пополнета годишна даночна пријава за сите граѓани – физички лица кои оствариле приходи во текот на 2018 година.
Потврдување на годишна даночна пријава за остварени приходи во 2018 година
Публикација за оданочувањето на доходот од продажба на сопствени земјоделски производи
Публикација за оданочувањето на капитална добивка од продажба на недвижен имот
Публикација за оданочувањето на доход од закуп и подзакуп
Публикација за оданочувањето на приходи остварени од вршење самостојна дејност
М.В