Национална потерница за Игор Спасов

МВР распиша национална потерница по Игор Спасов откако тој пред десет дена не се вратил во затворот „Идризово“. Од МВР известија дека потрагата по Игор Спасов почнала откако полицијата била известена дека тој не се вратил во казнената установа. Спасов е осуден на 14-годишна затворска казна за убиството на Мартин Нешковски. Националната потерница за Спасов на следниот линк.