/ Прочитано:

766

Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси на собраниска седница

Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси е на дневен ред на денешната собраниска седница.

Државната комисија за спречување на корупцијата, во согласност со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, е надлежна институција да донесе петгодишна Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, со акциски план за нејзино спроведување. За остварување на оваа надлежност, ДКСК го координира целокупниот процес на изготвување на Стратегијата и акциониот план.

Државните институции во следните години треба да ја спроведат Стратегијата, која  е фокусирана на повеќе области и на ризик-фактори за корупција, особено во делот на јавните набавки, транспарентноста на институциите, политичките влијанија, личниот интегритет, етичкото однесување, судството, инспекторатите, но и во делот на законодавството каде што постојат слабости и недоречености кои негативно се одразуваат во доследната борба против корупцијата.

Правосудството во Националната стратегија за спречување на корупцијата

Во стратегијата посебен акцент се става и на правосудството. Приоритетни проблеми во секторот правосудство, се образложува во Стратегијата, се:

1) Недоволно ефикасен систем за јакнење на интегритетот во судството и јавното обвинителство;

2) Недоволни материјални и кадровски ресурси, отсуство на автоматизиран систем за распределба и следење на предметите во јавното обвинителство и недоволна транспарентност во работата на Советот на јавните обвинители;

3) Недоволна ефикасност и транспарентност во работата на Државното правобранителство.

Правосудството во Националната стратегија за спречување на корупцијата

Донесена Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Тркалезна маса за Националната стратегија за спречување на корупцијата

Работилница за Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

М.В