/Прочитано:

370

Нацрт-амандманите на Уставот пред Комисијата за уставни прашања

Нацрт-амандманите на Уставот на РМ се на денешниот дневен ред на Комисијата за уставни прашања. Пленарната седница за нацрт-амандманите е закажана за 1 декември. Владата на РМ минатата недела го објави текстот на нацрт-амандманите на Уставот на Република Македонија.

АМАНДМАН XXXIII

Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36.

АМАНДМАН XXXIV

Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“, по зборот „година“ се додаваат зборовите „и на Охридскиот рамковен договор“, а се бришат зборовите „одлучија да“.

АМАНДМАН XXXV

Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.

Со точката 1 на овој амандман се дополнува членот 3.

АМАНДМАН XXXVI

Републиката го штити, гарантира и негува историското и културното наследство на македонскиот народ.

Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.

Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство.

Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

Со овој амандман се заменува членот 49 од Уставот на Република Македонија.

Според нацрт-амандманите, зборот „Македонија“ останува во членот 36 од Уставот

Објавен текстот на нацрт-амандманите на Уставот на Република Македонија

Деловникот на Собранието на РМ во врска со нацрт-амандманите на Уставот

Собранието донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот

Предлогот за уставни измени на собраниска седница – објавен извештајот од Комисијата за уставни прашања

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на седница на Комисијата за уставни прашања

Деловникот на Собранието на РМ во врска со Предлогот за пристапување кон измена на Уставот

Што содржи Предлогот на Владата до Собранието на РМ за пристапување кон измени на Уставот

Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на вонредна седница на Владата

М.В