/ Прочитано:

1.310

Науката во функција на бизнисот

Денеска во Стопанската комора на Македонија се одржа состанок меѓу претставници на Стопанската комора на Македонија и Фондацијата за економски истражувања од Истанбул, Република Турција.

 

Во име на долгогодишната соработка меѓу двете институции, велат од Стопанската комора, состанокот беше организиран по иницијатива на Амбасадата на Република Турција во Република Македонија.

Фондацијата за економски истражувања е формирана во 1962 година во Истанбул, Република Турција, од страна на еминентни научници, а основна цел на Фондацијата се спроведување научни истражувања од областа на економијата и бизнисот за поддршка на бизнис заедницата на Република Турција и продлабочување на билатералните и мултилатералните односи со другите земји.

Активностите на Фондацијата во насока на отворање нови можности за соработка меѓу турските бизнисмени и бизнис заедниците од другите земји се темелат, пред сè, на организирање економски симпозиуми ширум светот, на кои покрај размената на истражувањата на научно ниво, бизнис заедниците имаат можност да остварат и билатерални средби со претставници од дадени индустрии и дополнително да разменат искуства, know-how и контакти за понатамошна соработка, истакна проф. д-р Ахмет Инчекара, претседател на Фондацијата.

Во Македонија последен симпозиум Фондацијата организирала во 2005 година во соработка со МАНУ, а до крајот на 2017 година во соработка со Стопанската комора на Македонија, планирано е да се организира уште еден ваков настан на кој експертите од Р Турција и Р Македонија ќе имаат можност да ги презентираат своите согледувања и да дадат насоки за понатамошно зацврстување на досегашните билатерални односи меѓу двете земји.

M.V