/ Прочитано:

2.122

Неевидентираните лица де се евидентираат во матичната книга на родени, се пропишува во новиот закон, кој е во собраниска процедура

На дневен рад на собраниската седница е новиот Предлог-закон  за  неевидентирани лица во матична книга на родени. Законот е поднесен од Владата и е со европско знаме. Со овој закон, се вели во законското образложение,  се постигнува лицата неевидентирани во матичната книга на родени да се евидентираат во посебна матична книга на родени заради добивање на извод од посебната матична книга на родени и идентификациона исправа заради остварување на право на образование, здравствена заштита, социјална заштита и вработување со задолжително социјално осигурување согласно закон, до дополнителен упис во матична книга на родените и добивање на прв извод од матичната книга на родени, согласно закон.

„Во Република Северна Македонија постојат одредена група на лица кои што не се евидентирани во матичната книга на евиденција, немаат извод на родени, немаат документи за лична идентификација и врз основа на тоа немаат пристап до институциите заради остварување на основните човекови права.

Ваквата состојба налага да се изгради едно преодно решение со кое што на оваа маргинализирана категорија на лица ќе им се овоможи обезбедување на посебна евиденција во матична книга родени и идентификациона исправа како појдовна основа за остварување на право на образование, социјална заштита, здравствена заштита и вработување.

Заради наведената ситуација се пристапи кон прибавувањето на лични документи, вклучувајќи извод од матичната книга на родените, идентификациона исправа и други документи кои што се од суштинско значење за постапките пред надлежните органи како што се Центри за социјална работа, Здравствени институции, Агенција за вработување, училишта и остварување на основните човекови права. Заради таа цел е и потребата за решавање на овој проблем за не- евидентирани лица во матична книга на родените која што е актуелен повеќе години наназад.

Лицата не -евидентирани во матична книга на евиденција во најголемиот број на случаеви се лица кои што  живеат и/или  се родени на територијата на Република Северна Македонија, а не се запишани во матична книга на родени и немаат својство на странец со регулиран престој согласно закон. Овие лица најчесто се на маргините на општеството затоа што правната невлидливост во политичкиот систем оневозможува пристап до основните човекови права и обврски. Истите немаат пристап до основна здравствена и социјална заштита, образование, вработување и тнт.

Во изминатиот период се спроведе Акција за евиденција на лица во матичната книга и идентификувани се неколку клучни проблеми кои што не може да се решат без донесување на законско решение.

Во рамките на Акцијата за евиденција на лица во матична канига на родени и Јавниот повик од страна на мобилните тимови најдени се околу 700 лица кои што не се запишани во матична книга на родени“, се вели во законското образложение.

Ратификацијата на Конвенцијата  за  намалување на бездржавјанството пред собраниските комисии

Законот за ратификација на Конвенцијата за намалување на бездржавјанството во собраниска процедура

Усвоена информацијата за пристапување кон Конвенцијата за намалување на бездржавјанството

МЗМП: Ажуриран Индексот за бездржавјанство, со краток приказ на македонски јазик

Системски решенија за регистрација на лицата без документи

Европската мрежа против бездржавјанство ги повикува европските земји да го запрат бездржавјанството кај децата

Промовиран извештајот „Ромите припаѓаат – Бездржавјанство, дискриминација и маргинализација на Ромите во Западниот Балкан и Украина“

М.В