/ Прочитано:

1.164

Неизвесна изборната трка за претседател во САД

На претседателските избори во САД се гласа само еден круг во секоја од 50-те сојузни држави и во градот Вашингтон. Победата во секоја одделна држава одредува како ќе гласаат членовите на Изборниот колегиум, телото кое всушност го избира претседателот на Соединетите Американски Држави. Колегиумот има 538 члена, а сојузните држави во ова тело се застапени сразмерно на бројот на жители.

Клинтон-Трамп

Во САД денес 225 милиони Американци со право на глас ќе одлучуваат меѓу Хилари Клинтон, претседателски кандидат на демократите, и Доналд Трамп, претседателски кандидат на републиканците, во изборот за идниот претседател на САД.

Според последната анкета на Институтот за истражување на јавното мислење „Салзер и кo“, Клинтон е во водство за три проценти во однос на Трамп, но медиумите во САД оценуваат дека ова е најнеизвесната трка за избор на претседател.

Предизборната претседателска кампања е окарактеризирана како жестока борба меѓу двајцата кандидати, во која постојано се обвинуваа за неспособност. Сенка на предизборието фрли и повторното отворање истрага од страна на ФБИ против Хилари Клинтон поради злоупотребата на нејзината приватната е-адреса за службени цели. Само 36 часа пред денот на гласање, Федералното истражно биро ја отфрли заканата против Клинтон, објавувајќи дека не сторила кривично дело. Со оваа одлука ФБИ ги засили шансите на Хилари Клинтон, која доколку победи на овие претседателски избори, би била првата жена претседател на САД.

Во предизборната кампања ќе останат запаметени и изјавите на Трамп во кои ги навредува жените, потоа оние за неговата политика околу бегалците и припадниците на исламската религија, како и скандалот во врска со тоа дали избегнувал плаќање данок.

На претседателските избори во САД се гласа само еден круг во секоја од 50-те сојузни држави и во градот Вашингтон. Победата во секоја одделна држава одредува како ќе гласаат членовите на Изборниот колегиум, телото кое всушност го избира претседателот на Соединетите Американски Држави. Колегиумот има 538 члена, а сојузните држави во ова тело се застапени сразмерно на бројот на жители.

Калифорнија која има најбројна популација има и најмногу претставници во Изборниот колегиум, 55, а потоа следуваат Тексас со 38, Њујорк и Флорида со по 29 претставници во изборното тело. Помалкунаселените држави, како Алјаска, Вермонт, Делавер, Вајоминг и Монтана имаат само по тројца претставници.

ТАБЕЛА САД

Како држави во кои би била сигурна победата на кандидатот на демократите се сметаат: Конектикат, Роуд Ајленд, Вермонт, Вашингтон, Њујорк, Калифорнија, Делавер, Њу Џерси, Хаваи, Илиноис, Масачусетс и Орегон, додека пак републиканскиот кандидат се смета дека ќе победи во Оклахома, Кентаки, Монтана, Небраска, Арканзас, Мисури, Јужна Дакота, Џорџија, Канзас, Мериленд, Алабама, Ајдахо, Мисисипи, Тенеси, Тексас, Западна Вирџинија, Јужна Каролина, Индијана, Луизијана, Северна Дакота и Вајоминг.

Членовите на Изборниот колегиум ќе ги избираат претседателот и потпретседателот на 19 декември, но тоа е само формалност. Победува оној кандидат кој ќе освои 270 гласа од изборното тело, што претставува апсолутно мнозинство од 538.

Во сојузните држави владее начелото „Победникот добива сè“, т.е. кандидатот кој во одредена држава ќе освои најмногу гласови од избирачите, независно со колкава разлика, ги освојува и гласовите од изборното тело. Исклучоци се Небраска и Мејн, каде што гласовите од изборното тело се делат сразмерно со бројот на гласовите освоени од избирачите.

Некои сојузни држави во САД традиционално гласаат за претседателскиот кандидат на демократите, додека пак други за републиканскиот кандидат, поради што кандидатите за време на кампањата се фокусираат на оние десетина држави кои од избори до избори ја менуваат страната. Меѓу нив се и оние држави кои се сметаат за најважни, односно кои имаат поголем број претставници во Изборниот колегиум: Флорида – 29 претставници, Пенсилванија – 20 претставници и Охајо –18 претставници.

Американците денеска гласаат и за новиот состав на Претставничкиот дом на Конгресот и една третина од составот на Сенатот. Според последните анкети, прогнозата е дека Републиканската партија ќе го задржи мнозинството во Претставничкиот дом, додека Демократската партија има шанси да ја презеде контролата над Сенатот.