/ Прочитано:

964

Нема докази дека Трамп соработувал со Русија за изборите

Обвинителот Вилијам Бар го објави извештајот според кој претседателот Доналд Трамп и соработниците во неговата кампањата не соработувале со руската влада за изборите на кои победи Трамп.

Главниот обвинител објави дека истрагата што ја водеше специјалниот истражител Роберт Мулер покажала дека нема мешање на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година. Според извештајот, нема докази за незаконско постапување на американскиот претседател, ниту има цврсти докази за опструкција на правдата во врска со случајот.

„Вината е комплетно отфрлена. Беше срам за нашата земја што поминуваше низ ова“, изјави денеска американскиот претседател, Доналд Трамп.

Како што пренесуваат американските медиуми, за време на речиси двегодишната истрага Мулер работел со 19 адвокати и 40 агенти на ФБИ, издал повеќе од 2.800 судски покани, разговарал со околу 500 сведоци и спровел близу 500 претреси.

М.В