/ Прочитано:

1.092

„Нема правна држава, време е за промени“, се вели во прашањето за доверба на Владата, потпишано од 61 пратеник

Објавен е тестот на барањето на покренување прашање за доверба на Владата. Криминалот и корупцијата, немањето правна држава, вледеењето со измами, непрекинатиот раст на инфлацијата, економската криза, енергетскиот шок, како и резултатите од локалните избори се дел од прашањата кои се посочуваат во барањето за гласање на доверба на Владата.

Барањето е поднесено и потпишано од 61 пратеник.

Денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери за во четврток ја закажа собраниската седница за доверба на Владата. Според Уставот, гласањето за доверба на Владата се врши по истекот на три дена од поставувањето на прашањето за доверба…Уставните и деловничките одредби за прашањето за доверба на Владата.

М.В