НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ЗА 2018 ГОДИНА: Објавена програмата на Министерството за труд и социјална политика
Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата на неработни денови за 2018 година, во согласност со Законот за празниците на Република Македонија.
Во 2018 година неработни денови се:
За сите граѓани на РМ
- 1 јануари (понеделник), Нова година
- 7 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 8 јануари (понеделник) е неработен ден
- 9 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
- 1 мај (вторник), Ден на трудот
- 24 мај (четврток), „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители
- 15 јуни (петок), Рамазан бајрам, првиот ден на Рамазан бајрам
- 2 август (четврток), Ден на Републиката
- 8 септември (сабота), Ден на независноста
- 11 октомври (четврток), Ден на народното востание
- 23 октомври (вторник), Ден на македонската револуционерна борба
- 8 декември (сабота), „Св. Климент Охридски”
За граѓаните од православна вероисповед
- 6 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик
- 19 јануари (петок), Богојавление (Водици)
- 6 април (петок), Велики петок, петок пред Велигден
- 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
- 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
- 2 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
- 1 ноември (четврток), Празникот на сите светци
- 25 декември (вторник), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
- 21 август (вторник), Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
- 22 ноември (четврток), Ден на албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
- 27 јануари (сабота), „Свети Сава“
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
- 8 април (недела), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
- 23 мај (среда), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
- 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
- 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
- 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик
М.В