/Прочитано:

5.085

НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ЗА 2020 ГОДИНА: Објавена Програмата на Министерството за труд и социјална политика

Министерството за труд и социјална политика ја објави Програмата на неработни денови за 2020 година, во согласност со Законот за празниците.

Неработни денови во 2020 година се:

За сите граѓани на РМ

  • 1 јануари (среда), Нова година;
  • 7 јануари (вторник), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар;
  • 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар;
  • 1 мај (петок), Ден на трудот;
  • 24 мај (недела) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден;
  • 24 мај (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден;
  • 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден;
  • 8 септември (вторник), Ден на независноста;
  • 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден;
  • 23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба;
  • 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божиќ;
  • 19 јануари (недела), Богојавление (Водици);
  • 17 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден;
  • 5 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден;
  • 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица);

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден;
  • 1 ноември (недела), Празникот на сите светци;
  • 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 31 јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам;

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  • 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

  • 27 јануари (понеделник), Свети Сава;

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

  • 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите;

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

  • 23 мај (сабота), Национален ден на Власите;

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

  • 21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.

М.В