/ Прочитано:

932.105

НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ЗА 2023 ГОДИНА

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07), во 2023 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

  • 1 јануари (недела), Нова година, 2 јануари (понеделник) е неработен ден
  • 7 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
  • 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
  • 21 април (петок), Рамазан бајрам, првиот ден на Рамазан бајрам
  • 1 мај (понеделник), Ден на трудот
  • 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители
  • 2 август (среда), Ден на Републиката
  • 8 септември (петок), Ден на независноста
  • 11 октомври (среда), Ден на народното востание
  • 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба
  • 8 декември (петок), „Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик
  • 19 јануари (четврток), Богојавление (Водици)
  • 14 април (петок), Велики петок, петок пред Велигден
  • 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
  • 2 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 10 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
  • 1 ноември (среда), Празникот на сите светци
  • 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 28 јуни (среда), Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

  • 22 ноември (среда), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

  • 27 јануари (петок), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

  • 8 април (сабота), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ

  • 23 мај (вторник), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

  • 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

  • 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

  • 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик