/ Прочитано:

1.093

Невладината „Цивил“: Евидентиравме огромен број злоупотреби

Недела, 24 март 2013 – Невладината организација „Цивил“ информира за  огромен број на неправилности и злоупотреби на изгирачките места ширум цела земја. Претставниците на „Цивил“ регистрирале од насилство и тепачки до поткуп за гласови. 

Сите инциденти, злоупотреби и нерегуларности ќе бидат објавени официјално од страна на „Цивил“, во меѓу време оттаму набројуваат голем број на нерегуларности што се забележани од страна на нивните претставници.

  • Организирано гласање од Пустец со автобуси кои ги довезале гласачите до Ресен
  • Поткуп за гласови со пари и пакети храна, во сиромашни општини, претежно во ромските заедници (постојат снимки и изјави)
  • Голем број на професори од средните училишта во Скопје барале од учениците кои имаат право на глас со снимка на мобилен телефон да им достават доказ за гласање за одредена политичка партија, после што им било ветувано поправање на оцени
  • На многу места гласачите не можат да се најдат на гласачките списоци
  •  Партиски активисти регистрирале кои гласачи влегуваат и излегуваат од гласачките места
  •  Насилство и тепачки во изборни места
  • Како набљудувачи во одредени гласачки места регистрирани се високи политички функционери