„Никогаш не предавајте се затоа што промената почнува од вас самите“ – Дитурие Елези-Незири, судијка во Управниот суд
За љубовта кон правото разговараме со Дитурие Елези-Незири, судијка во Управниот суд
Како се јави кај вас љубовта кон правото?
Правдољубивоста треба да извира од три точки: да се живее чесно, никој да не се повреди/оштети и секој да има свои прерогативи. И не само кога се работи за правото, туку воопшто во секојдневието, па оттука и љубовта кон правото.
Дали е важна љубовта кон правото за да се биде добар правник и зошто?
Добриот правник е склоп на ред карактерни особини и околности, и тука би ја цитирала нашата хуманистка Мајка Тереза: „Не сите можеме да направиме големи работи, но можеме да направиме мали работи со голема љубов.“ Така што, да, љубовта кон правото е искрата за развојот на еден иден подготвен и професионален правник, кој треба да биде кован за слуга на правото за сите други да живеат слободни и сигурни во општеството.
Во таа насока, кои се вашите совети за идните генерации правници?
Никој нема посвета должност да се придржува до правото од оние што го „креираат“ правото. Секој предизвик, секое искуство да се прифати со голема храброст и да се вложи многу труд и работа. Да се изоди патот кон правото не е лесно, но никогаш не предавајте се затоа што промената почнува од вас самите.
- „Од дете се бунтувам за правда“ – Маја Ристова, адвокат
- „Правниците отсекогаш биле носители на интелектуалните движења и промени“ – Иван Дургутов, магистер по право
- „Правото има метафизичка димензија која треба да се почувствува“ – Дарко Павловски, национален правен офицер во Мисијата на ОБСЕ во Скопје
- „Правото, а особено адвокатурата е креативна професија за оние кои го сакаат и го владеат правото“ – Кристијан Поленак, адвокат
- „Бидете правници со интегритет!“ – Александра Груевска-Дракулевски, професор и продекан за настава на „Јустинијан Први“
- Силјановска: Мојата љубов кон правото беше сократовска
- Уранија Пировска: „Љубовта кон правото е љубов кон правдата“
- „Никогаш не предавајте се затоа што промената почнува од вас самите“ – Дитурие Елези-Незири, судијка во Управниот суд
- „Сите знаења на правниците треба да бидат употребени за подобрување на правната држава“ – Андреј Божиновски, правен советник
- „Ако правото е љубов, адвокатурата е страст“ – Петро Јанура, адвокат
- „Без бескрајната љубов кон правото и кон адвокатурата невозможно е да се издржат сите притисоци“ – Петар Трајковски, адвокат
- „Љубовта кон правото нѐ прави истрајни дека правото ќе надвладее“ – Рамије Абдурахими-Цара, судијка во Управниот суд
- „Неуморно верувам во правото и правдата“ – Росица Ефтимовска, менаџер за правни обуки во Академик
- Интервју за љубовта кон правото со тимот адвокати од „Георги Димитров адвокати“
- Наташа Габер-Дамјановска за љубовта кон правото: Привлечност на предизвикот да се изнајде адекватно правно решение