/ Прочитано:

1.779

НКРМ: Отворен ден во сите нотарски канцеларии низ државата по повод Европскиот ден за граѓанска правда

Нотарската комора на Република Македонија на 25 октомври ќе се приклучи во одбележувањето на Европскиот ден за граѓанска правда преку организирање отворен ден во сите нотарски канцеларии низ државата.

„На 25 октомври нотарските канцеларии ќе бидат отворени за граѓаните во текот на цело работно време за да можат одблиску да се запознаат со работата, надлежностите и одговорноста која ја носи нотарската професија, постапките во кои би можеле граѓаните да се најдат пред нотарите, како и други прашања поврзани со нотаријатот како институција која е дел од правосудниот систем во државата“, се вели  во соопштението од Нотарската комора на РМ.

Нотаријатот во Република Македонија, како важен сегмент во правниот систем на државата и во иднина, како што посочуваат од Комората, ќе ги поддржува ваквите активности сè со цел обезбедување поширок пристап до правдата на граѓаните.

М.В