/ Прочитано:

1.692

Нобелова награда за мир за Кампањата за укинување на нуклеарното оружје

Нобеловата награда за мир ја доби Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (ИЦАН), соопшти норвешкиот Нобелов комитет. Наградата се доделува на индивидуалци или групи кои промовираат мир или братски односи меѓу нациите.

Престижната награда е доделена „за работата на насочување на вниманието кон катастрофалните последици од каква и да е употреба на нуклеарно оружје и за револуционерните напори за постигнување на договор за забрана на сите вакви оружја“, се наведува во образложението на Комитетот.

Норвешкиот комитет за Нобелова награда за мир мораше да одлучи од над 300 номинирани за ова престижно признание.