/ Прочитано:

1.577

Нобеловата награда за мир ја добија активисти за борба против сексуалното насилство

Денис Муквеге од Конго и Хадија Мурад од Ирак се добитници на овогодишната Нобелова награда за мир. Тие ја добија наградата за својата борба против користењето на сексуалното насилство како оружје во војна, објави денеска Норвешкиот одбор за доделување на Нобеловата награда.

Нобеловиот комитет оцени дека докторот од Конго Денис Муквеге е „најистакнатиот, најобединувачки симбол, на национално и на меѓународно ниво, во борбата против сексуалното насилство во војна и вооружени конфликти.”

Хадија Мурад, член на малцинството Јазеиди во Ирак, беше заробена од Исламска држава. Таа беше една од околу 3.000 девојки и девојчиња кои беа жртви на силување и други злоупотреби од припадниците ИД. Комитетот вели дека покажала „нескротлива храброст во раскажувањето на сопственото страдање.”

 

Нобеловата награда за мир за првпат е доделена во 1901 година на Жан-Анри Дјунан, Швајцарија и на Фредерик Паси, Франција. Нобеловата награда не била доделена за време на Првата и на Втората светска војна, како и во 1955, 1956, 1966, 1967 и 1972 година.