/ Прочитано:

878

Номинација за наградата УНЕСКО-ЛОРЕАЛ за жените во науката за 2022 година

УНЕСКО ги поканува државите – членки да поднесат свои номинации за наградите на УНЕСКО – ЛОРЕАЛ за жените во науката за 2022 година.

Наградите во износ од по 100.000 евра поединечно ќе им се доделат на 5 (пет) истакнати жени научници, за нивниот особен придонес во научното истражување, посветеност и влијание врз општеството.

  Во прилог се доставени правилата и процедурите во врска со овие награди, со напомена дека начинот на поднесување на кандидатурите е единствено преку он-лајн платформата креирана за овие награди: https://www.forwomeninscience.com  најдоцна до 31 мај 2021 година.

Номинациите, заедно со сите пропратни документи , согласно условите и правилата за номинирање, потребно е да бидат доставени до Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, во печатена и електронска форма на следните е-маил адреси: tkraljevska@kultura.gov.mk i lupco.smilev@kultura.gov.mk ,најдоцна до 20 мај 2021, со цел да бидат доставени преку онлине платформата на УНЕСКО

Call for nominations 2022 LOreal-UNESCO FWIS International Awards.pdf

 Appel a nominations Prix international LOreal-UNESCO 2022 (FR)

Rules and regulations