/ Прочитано:

4.985

Нотарот Методија Ристоски избран за нов претседател на Нотарската комора

На редовното изборно Собрание на Нотарската комора за нов претседател на Комората е избран Методија Ристоски, нотар од Скопје. Ристоски е избран за претседател на Комората за мандатниот период 2020 – 2023 година. На изборното Собрание, додаваат од Нотарската комора, покрај претседател на Комората, избрани се и членови на органите на Нотарската комора. Досегашен претседател на Нотарската комора беше Васил Кузманоски, нотар од Охрид.

М.В