/ Прочитано:

2.800

Нотарот Васил Кузманоски избран за нов претседател на Нотарската комора на РМ

Васил Кузманоски од Охрид е избран за претседател на Нотарската комора на Република Македонија.

Изборното собрание на Комората одлучи нотарот Кузманоски, кој беше в.д. претседател, да добие мандат за периодот 2017-2020 година. На Собранието беа избрани и други нови органи.

Според Статутот на Нотарската комора, претседателот на Комората ја застапува и ја претставува Нотарската комора во Република Македонија и во странство. Претседателот на Комората, се вели во Статутот, воедно е и претседател на Управниот одбор и претседава со Собранието на Комората.

Нотарот Васил Кузманоски доаѓа на функцијата претседател на Нотарската комора на Република Македонија на местото на нотарката Зорица Пулејкова, која поднесе оставка. На почетокот на месец декември минатата година, Кузманоски беше избран за в.д. претседател на Комората.

M.В