/ Прочитано:

3.492

Нотарската комора: Донација во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца – Битола

Нотарската комора на Република Македонија донираше во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца – Битола, известуваат од НКРМ.

„Хуманоста и споделувањето се неизоставен дел од празничната традиција која Нотарската комора на Република Македонија ја практикува низ годините. Оваа година ја посветуваме на најмалите од ЈУ Дом за доенчиња и мали деца – Битола во кој се згрижени повеќе од 60 дечиња, од најмала возраст па сè до 3 години. Во посета на Домот на 25.12.2017 година беше делегација составена од претседателот на Нотарскaта комора на Република Македонија Васил Кузманоски и членот на Управниот одбор Виолета Ангеловска кои предадоа донација во согласност со потребите на Домот. Донацијата се состои од технички апарати, бебешка опрема и млечна храна. Делегацијата оствари и средба со директорката Соња Илиевска. Подадената рака е прифатена од мноштво мали рачиња, а ние се надеваме дека ќе поттикнеме лавина од донации секаде каде што се потребни. Нотарската комора на Република Македонија и во иднина како и досега ќе продолжи со хуманитарни акции и донации во текот на целата година“, се вели во соопштението на Нотарската комора на РМ.