/ Прочитано:

1.005

Нов број на списанието „Европско право“ по повод 20-годишното членство на Македонија во  ЕСЧП

По повод 20-годишното членство на Македонија во  ЕСЧП, Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП, одржа промоција на новиот број на списанието „Европско право“ и на Билтенот за судската практика на ЕСЧП.

Свое излагање на промоцијата имаа амбасадорот на СР Германија во Македонија, Томас Герберих,, д-р Штефан Пирнер, регионален проектен раководител на ИРЗ, проф. д-р Наташа Габер-Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, м-р Даница Џонова, в.д. директор на Бирото за застапување на Република Македонија пред ЕСЧП, како и д-р Мирјана Лазарова-Трајковска, поранешен судија на ЕСЧП.

Во новиот број на списанието фокусот е поставен на една тема. Се работи за тема што е од посебно значење за Македонија и за нејзиното право, а тоа е 20-годишнината од пристапувањето на Македонија кон Советот на Европа и 20-годишнината од реформирањето на Европскиот суд за човекови права кој претставува најважен орган за Советот на Европа.

„Тоа е од причина што Судот одлучува за повреди на Европската конвенција за човекови права кои се сметаат за европско право во поширока смисла. Со тоа на граѓаните на државите членки на Советот на Европа им се дава ефективно средство за да се одбранат од повреди на нивните права од страна на нивната матична земја и нејзините државни органи. Сепак, значењето на одлуките на ЕСЧП оди многу подалеку од поединечниот случај што се обработува, бидејќи тие (треба да) имаат импликации за иднината. Имено, во основата на повредите на човековите права, за кои одлучува Судот во Стразбур, ретко се наоѓа само еднократно девијантно однесување од страна на засегнатата држава. Најчесто, законските регулативи, кои важат за голем број случаи, или практиките на државните органи кои се останати од дамнина, се причина за донесување на осудителни пресуди од страна на Судот во Стразбур“, се вели во воведот на списанието „Европско право“, чиј целосен текст може да се преземе на следниот линк.

М.В