/ Прочитано:

1.375

Нов обид за почеток на процесот „Ровер“ во кој обвинет е Љубе Бошковски

На последното рочиште што се одржа во март, одбраната побара од Судот преку Министерството за внатрешни работи, а врз основа на меѓународните конвенции и договорите за меѓународната правна помош, да бидат лоцирани и да бидат повикани четворицата првообвинети во процесот, Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ, кои се недостапни за органите на прогонот уште од почетокот на процесот.

Љубе Бошкоски на судењето за „Ровер“

8 април 2016 – Во Кривичниот суд треба да започне третото повторено судење за случајот „Ровер“ во кој како обвинет се јавува и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски.

Претходните обиди на судијата Илија Трпков, кој го води процесот, за започнување на главната расправа беа одложувани поради барањето на одбраната на Бошковски Специјалното јавно обвинителство да го преземе предметот, но и поради отсуство на еден од судиите што го водат процесот.

На последното рочиште што се одржа во март, одбраната побара од Судот преку Министерството за внатрешни работи, а врз основа на меѓународните конвенции и договорите за меѓународната правна помош, да бидат лоцирани и да бидат повикани четворицата првообвинети во процесот, Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ, кои се недостапни за органите на прогонот уште од почетокот на процесот.

Одбраната на Бошкоски, пак, уште на почетокот на третото повторено судење побара Специјалното јавно обвинителство да го преземе предметот. За таа цел одбраната достави и документи до СЈО со кои бараа тоа да ја има надлежноста над „Ровер“.

Ова е третпат одново да почнува судењето за „Ровер“ бидејќи Апелациониот суд Скопје двапати ја укинува првостепената пресуда поради низа пропусти и поради неутврдена фактичка состојба.

Со пресудата на Кривичниот суд, Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ добија казна доживотен затвор, Вук Вукичевиќ доби 15 години затвор, Бошкоски доби затвор од 10 години и шест месеци, првиот човек на обезбедувањето на Бошкоски, инспекторот Зоран Трајковски, доби осум години и шест месеци, по седум години добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, а по пет години и шест месеци Гоце Митревски и Никола Негриевски.

Обвинетите се товарат за убиствата на Марјан Тушевски и Киро Јанев што се случија во Скопје, во јули 2001 година.