/ Прочитано:

2.822

Нов образец ДДВ-01 за регистрација за данокот на додадена вредност

УЈП лого

Од 1 јануари 2017 година сите даночни обврзници кои имаат обврска да поднесат пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01) треба да го направат тоа со поднесување на новиот образец ДДВ-01 објавен во „Службен весник на РМ“ бр. 216/16 од 15.12.2016 година, кој е достапен на веб-страницата на Управата за јавни приходи на следниот линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/189
Пријавата за регистрација може да се достави по пошта, лично до Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи (според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник) или по електронски пат 
http://etax.ujp.gov.mk.