/ Прочитано:

3.617

Нов образец ДДВ-04 и дополнета одлука за примена на повластена даночна стапка за пелети

????????????????????????????????????

Во „Службен весник на РМ“ бр. 222/16 од 28.12.2016 година, објавена е новата даночна пријава на данокот на додадена вредност – образец ДДВ-04 (види: http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/190) која ќе се применува за даночен период од 1.1.2017 година, што значи дека сите месечни и тримесечни ДДВ обврзници кои најдоцна до 25-ти јануари 2017 година треба да поднесат даночна пријава за даночните периоди 1.10.2016 – 31.12.2016 и за 1.12.2016 – 31.12.2016 истото треба да го направат на стариот образец.

Во „Службен весник на РМ“ бр. 222/16 од 28.12.2016 година објавена е и Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена даночна стапка на ДДВ (види: http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/125) која се однесува за примена на повластената даночна стапка за пелети, печки на пелети и котли на пелети.