/ Прочитано:

1.476

Нов Предлог-закон за материјално обезбедување на стечајците

Владата го утврди Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, односно за стечајците.

Со новите предлог-законски решенија предвидено е условот којшто се однесува на должината на работниот однос да биде 14 години, заклучно со 31.12.2020 година сé со цел да се обезбеди еднаквост на граѓаните при остварување на ова право на материјално обезбедување кое ќе го  остварат уште најмалку 1.100 невработени лица, односно стечајци.

Заедно со претходните законски решенија, вкупниот опфат на стечајци го оствариле или ќе го остварат правото за надомест во висина од 9.242,00 денари до нивното пензионирање, а ќе опфати близу 13.000 лица.

Новите законски измени за стечајците пред Комисијата за труд  и социјална политика

Новите законски измени за стечајците ќе влезат во собраниска процедура

Новите законски измени за стечајците на владина седница

Во подготовка Закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација

До Собранието доставен Предлог-закон за обезбедување надомест за уште 1.600 стечајци

МТСП: Усвоени измените на Законот за стечајци за да се опфатат  дополнителни 1.900 лица

МТСП: Усвоен е предлог-законот за стечајци со кој 3.000 лица ќе бидат материјално обезбедени

М.В