/ Прочитано:

1.206

Нов Предлог-закон за медијација, чија цел е приближување на земјата кон ЕУ

Владата го утврди и текстот на Предлог-законот за медијација.  Според образложението, законот има цел приближување на земјата кон Европската Унија, која во ситуација на разрешување на конфликтни и спорни ситуации акцентот го става на алтернативното решавање на споровите и медијацијата како еден од нив.

Со унапредувањето на законското решение ќе се овозможат услови за успешна примена на законот во пракса, ќе се овозможи уедначена примена на законските одредби од страна сите медијатори и ќе се промовира медијацијата и резултатите од нејзината примена.

Кон крајот на минатата година Министерството за правда извести дека новиот Закон за медијација е во завршна фаза. Во таа насока, министерот за правда ги образложи некои од новините во законското решение.

„Во законот се воведува новина во однос на начинот на полагање на испитот за медијатор пред комисија, што ќе влијае на создавање на квалитетен, стручен и обучен кадар, кој успешно ќе ги извршува работите од областа на медијацијата. Внесот на сите примени барања за медијација во Електронскиот регистар станува задолжителен, како и податоци за натамошниот тек на постапката, а податоците се покажаа исклучително статистички корисни, од кои може да се генерираат параметрите на применливоста и успешноста на медијацијата во пракса и ќе се овозможи врз основа на запишаните предмети во Регистарот медијаторот да го оствари правото на субвенционирање на постапките за медијација“, потенцираше министерот за правда, додавајќи дека при при изработка на законот се следеле искуствата на Советот на Европа, како и на Европската Унија.

Подготовката на новиот Закон за медијација е во завршна фаза

Е-Регистар за евидентирање предмети на медијација

Комората на медијатори и Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа меморандум за соработка

Расте бројот на предмети решени со медијација

Новиот Предлог-закон за медијација на второ читање пред Законодавно-правната комисија

Министерство за правда: Потпишувањето на Сингапурската конвенција за медијација е историски настан

Новиот Закон за медијација со европско знаменце во собраниска процедура

Целта на Законот за медијација е приближување на земјата кон ЕУ, се вели во законското образложение

Драстично зголемување на бројот на предмети кај медијаторите

Европска конференција за медијација во Скопје

Меморандум за соработка меѓу Комората на медијаторите и Владата

Програмата за поддршка на медијацијата донесена од Врховниот суд

Јавна расправа за Предлог-законот за медијација: Законското решение има недостатоци и треба да се доработи

Министерството за правда подготвува Закон за медијација

Регионални искуства за медијацијата како ефикасен начин на алтернативно решавање на стопанските спорови

Советите на правните застапници се клучни при алтернативното решавање на трговските спорови

„Време е превезот врз очите на божицата на правдата да не биде само моден детаљ“ – д-р Срѓан Шимац за предизвиците на правото од аспект на медијацијата

ЗА УЛОГАТА НА АДВОКАТИТЕ ВО ПОСТАПКАТА ЗА МЕДИЈАЦИЈА: Интервју со адвокатот Јане Илијески

Медијацијата нуди многу предности за граѓаните и за деловните субјекти – интервју со д-р Зоран Вучев, лиценциран медијатор

АЛТЕРНАТИВНИТЕ ВОНСУДСКИ ПОСТАПКИ И ПРИСТАПОТ ДО ПРАВДА: Европскиот парламент и Советот на ЕУ за медијацијата во граѓанските и трговските спорови

Начела на медијацијата

Мислењата на анкетираните судии за медијацијата – извештај за примената на алтернативното решавање на спорови

АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ: За медијацијата клучна е довербата

АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА МЕДИЈАЦИЈАТА: Медијацијата нуди прифатливи решенија за компаниите

Научно толкување на членот 66 од Преодните и завршни одредби на Законот за медијација

ЗАСТАПНИЦИТЕ ДОБРО ДА СЕ ПОДГОТВАТ: Судијката Антоанета Димовска за примената на новите измени во ЗПП

М.В