/ Прочитано:

919

Нов Предлог-закон за спречување и заштита од дискриминација

Владата го разгледа и го усвои Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација. Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, усогласен со сите ЕУ-директиви и меѓународни стандарди, кој беше усвоен од страна на Собранието на Република Северна Македонија во мај 2019 година, со одлука на Уставниот суд од мај 2020 година беше укинат во  согласност со членот 75 став 3 од Уставот на Република Северна Македонија.

„Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација има добиено позитивни мислења од Венецијанската комисија, од Обединетите нации, од Европската Унија и од ОБСЕ-ОДИХР, кои оценуваат дека Република Северна Македонија, со ова ново законско решение, прави значаен чекор во борбата против сите форми на дискриминација, почитувајќи го и вклучувајќи го  законодавството на ЕУ и меѓународните стандарди за човекови права. Со законот се уредуваат превенцијата и  забраната од дискриминација, облиците и видовите на дискриминација, постапките за заштита од дискриминација како и  составот и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација“, посочуваат од Владата.

Став и анализа на Блупринт за укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација

За укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација

Уставниот суд го укина Законот за спречување и заштита од дискриминација

М.В