/ Прочитано:

1.194

НОВ ПРИСТАП: ЕУ ќе ја решава мигрантската криза преку сузбивање на шверцот на луѓе

Според извештаите на Европол, шверцерите на мигранти заработиле меѓу три и шест милијарди евра само во 2015 година. Оваа бројка може и двојно да се зголеми доколку мигрантската криза продолжи да се развива.

epa04942170 A migrant clutches to a fence as they are waiting for a permission to move towards the train station at a refugee camp near Gevgelija, The Former Yugoslav Republic of Macedonia, 21 September 2015. The main migration route across the Balkans - from Turkey, across Greece, Macedonia and Serbia - previously led to Hungary. But after Hungary sealed its borders, migrants began taking an alternative route to Western Europe via Croatia, the EU's newest member. EPA/NAKE BATEV

Шверцувањето мигранти во Европа е еден од најбрзорастечките бизниси на криминалните групи на континентот, велат од Европол, која во понеделникот презентираше програма за сузбивање на овој проблем.

Истражувањата на Европол покажале дека 90 проценти од мигрантите кои пристигнуваат во Европа биле шверцувани од криминални организации. Поради тоа, сузбивањето на овој криминал треба да биде приоритетен одговор на Европа за справување со мигрантската криза“, вели Роб Ваинрајт, директорот на Европол кој го промовираше Европскиот центар за шверц на мигранти, кој ќе им помогне на земјите-членки на Европската унија да ги откријат криминалните мрежи за шверц, пренесува „Политико“.

Центарот ќе биде со седиште во Хаг и ќе им помогне на земјите-членки „да ја подобрат размената на информации и оперативната координација во борбата против организираното шверцување мигранти“.

Според извештаите на Европол, шверцерите на мигранти заработиле меѓу три и шест милијарди евра само во 2015 година. Оваа бројка може и двојно да се зголеми доколку мигрантската криза продолжи да се развива.

europol

„Воспоставувањето на овој центар ќе ја зајакне координацијата меѓу земјите-членки, интернационалните организации и европските агенции, кои ќе имаат одговорност во борбата со шверцот на мигранти“, изјави Димитрис Аврамопулос, еврокомесарот за миграција.

Шверцот на луѓе е глобален проблем и многу е важно да се продолжи со негово следење, идентификување и откривање на транснационалните криминални мрежи во Европа и надвор од неа, вели Тим Морис, извршен директор на Интерпол.

Според податоците на Фронтекс, повеќе од 500 илјади мигранати биле регистрирани во Европа во првите осум месеци во споредба со 2014 година кога биле регистрирани 280 илјади. Според податоците на Интернационалната организација за миграција (ИОМ) 84 илегални мигранти стигнале во Европа во првите два месеци од 2016 година.

Според ИОМ, 421 мигрант загинале од почетокот на годинава во обид да дојдат до брегот на Европа, додека во 2015 година загинаа 3.770 лица. Шверцерите им наплаќаат од 500 до 10 илјади евра на семејствата кои сакаат да стигнат до Европа.

Европол идентификувала повеќе од 230 локации, во Европа и надвор од неа, од каде што се внесуваат мигрантите во Европа. Разузнавачките служби откриле повеќе од 40 илјади индивидуи кои се осомничени дека се вмешани во шверцот на мигранти. Најголем број од лицата осомничени дека се занимаваат со овој бизнис се од Бугарија, Египет, Унгарија, Ирак и Пакистан.

Во 2015 година Европол спровела 1.550 истраги против повеќе од 10 илјади лица. Според истите податоци, 44 проценти од криминалните мрежи, кои биле под истрага, се од земји кои не се во ЕУ, 30 проценти се организирани од лица од земји од ЕУ и 26 проценти од криминалните мрежи ги водат лица кои се и кои не доаѓаат од Европската унија.