/ Прочитано:

976

Нов судски процес против поранешниот хрватски министер за одбрана Рончевиќ

Понеделник, 27 мај 2013 – Во Жупанискиот суд во Загреб денеска започна нов судски процес против поранешниот хрватски министер за одбрана Берислав Рончевиќ и неговиот соработник Ивица Бачиќ, под обвинение дека го оштетиле државниот буџет со набавка на скапи и не соодветни камиони за потребите на Вооружените сили на Хрватска.

Судот во Загреб веќе ги осуди Рончевиќ и Бачиќ за ова дело на четири, односно на две години затвор, но во април годинава Врховниот суд на Хрватска ја поништи пресудата и нареди ново судење.

Рончевиќ и Бачиќ се товарат дека во 2004 година на тендерот за набавка на камиони за хрватската армија, не ја прифатиле поповолната понуда на МАН, туку се решиле за онаа на Ивеко, со што ја оштетиле државата за 10,2 милиони куни (1,34 милиони евра).

На денешното судење двајцата осомничени се изјаснија дека не се чуствуваат виновни, а адвокатот на Рончевиќ нагласи дека во текот на процесот ќе докаже оти неговиот клиент не го извршил делото за кое е обвинет.