/ Прочитано:

566

Нов Закон за ревизија за усогласување со ЕУ-прописите

Министерството за финансии подготвува нов Закон за ревизија. Предлогот на закон за ревизија има цел усогласување на националното законодавство со барањата на ЕУ-прописите во оваа област, како доуредување и допрецизирање на постојниот законски текст.

„Со донесувањето на Законот за ревизија во 2010 година во голема мера се изврши усогласување со Директивата 2006/43/ЕЗ за законска ревизија на годишни и консолидирани сметки. Во меѓувреме во 2014 година се донесоа Директивата 2014/56/ЕУ за изменување на Директивата 2006/43/ЕЗ и Регулативата бр. 537/2014/ЕУ за специфични барања за законска ревизија на субјектите од јавен интерес. Заради дополнително усогласување на националното законодавство со европското законодавство за ревизија и во согласност со препораките на Светската банка за транспонирање на новите измени на Директивата за законска ревизија дадени во Ажурираниот РОСК извештај за сметководство и ревизија, се наметна потреба од изготвување на нов Закон за ревизија“, се вели во законското образложение.

М.В