Нова едукативна публикација на Народната банка за нејзиното работење
Народната банка објави нова информативно-едукативна публикација со низа информации за работењето на институцијата и за нејзините основни цели и задачи. Во публикацијата „Запознајте ја Народната бакна на Република Северна Македонија“ има и објаснување за тоа по што се разликува централната банка од другите институции.
„Народната банка на Република Северна Македонија е централна банка во нашата земја. Народната банка е независна при постигнувањето на целите и задачите коишто се утврдени со Законот за Народната банка“, се вели во публикацијата, која може да се преземе на следниот линк.