/ Прочитано:

1.628

НОВА ИСТРАГА НА СЈО, СО ИМЕ „ТАРГЕТ“: Лица од УБК осомничени за незаконско прислушување на граѓаните

Нова истрага и случај со назив „Таргет“ обелодени Специјалното јавно обвинителство на денешната прес-конференција.

akademik foto

Специјалното јавно обвинителство сомничи повеќе лица од Управата за безбедност и контраразузнавање дека во периодот од 2008 до 2015 незаконски следеле најмалку 4 286 телефонски броеви без судски наредби.

„Доказите упатуваат на сомнение дека преку системите за следење на комуникациите на УБК, од 2008 до 2015, незаконски била следена комуникацијата на најмалку 4 286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби за следење. Се следеле комуникациите на телефонските броеви и пред и по издавањето на судската наредба на најмалку 1 541 телефонски број“,истакна на прес-конференцијата, обвинителката Фатиме Фетаи.

Фетаи додаде дека првоосомничениот од УБК, кој бил на раководна позиција, давал наредби за внесување на телефонски броеви во системот за следење за лица од политичката фела, од бизнис-фелата и од новинарска фела во Македонија, иако немал никакво законско право за тоа.

akad 2

Според СЈО, второосомничениот, во координација со првоосомничениот, самостојно го организирал процесот на прислушување, додека пак третоосомничената, постапувајќи по наредби на второосомничениот, противзаконски проследувала телефонски броеви кои требало да бидат следени.

„Дваесет и пет годни по донесувањето на Уставот на Република Македонија, донесен на 17 ноември 1991 година, темелите на уставниот поредок се уништени со следењето на повеќе илјади лица од 2008 до 2015 година“, истакна специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на почетокот на денешната прес-конференција.

akademik foto 1

Јанева истакна дека денешните можности за повреда на приватноста се големи и затоа е неопходно секој граѓанин да знае дека државата има двојна одговорност –  да се воздржи од неовластен упад во приватноста на граѓаните и да ги заштити граѓаните од упад во приватноста од страна на трети лица.

„Но, оваа обврска не се почитувала, напротив се злоупотребувала, и тоа од посебно важна институција, УБК и од нејзини вработени. Ќе ги вложам сите сили криминалот да не ја одбегне казнивоста затоа што криминалците мора да застанат пред судот на правдата, независно за кого станува збор“, рече Јанева нагласувајќи дека никој нема да ја обесхрабри во борбата против беззаконието.