/ Прочитано:

1.173

Измама со продажба на фиктивни станови — се калкулира со бројка од над 800.000 евра

Петок, 22 март 2013 – Според првичните информациите приведени се 30-годишна скопјанка и нејзиниот татко, кои продавале станови по екстра поволни цени од само 500 евра квадрат во згради кои тврделе дека ги гради нивната компанија, иако ништо од тоа не било вистина. Неофицијално се работи за афера тешка над 800.000 евра. 

Измамените плаќале од 15 до 30.000 евра на нивната трансакциска сметка, но не добиле никаков договор за стан.

Повеќе детали од МВР ќе објават на прес конференцијата во 13 часот.

Минатата година во декември, битолската полиција откри слична случај каде четиричлена група беше осмничена дека оштетила граѓани за вкупно над 600.000 евра. Уапсена беше само  47 годишната битолчанка Валентина Миленковска која според полицијата посредувала во наоѓање купувачи и ги наплаќала фиктивните станови. Против тројца скопјани, брачниот пар Ангелко и Сузана Лазаровски и нивната 25 годишна ќерка, кои се во бегство, распишана  е  меѓународна потерница.