14 јуни, 2013 13:01
paula
/ Прочитано:
Кривична пријава за тетовчанец во продолжение на акцијата „Детонатор“
Петок, 14 јуни 2013 – СВР Тетово во рамките на „Детонатор“ поднесе кривична пријава против А.О. (43) од Тетово за сторени кривични дела комар и даночно затајување.
„Пријавениот во период од декември минатата до почетокот на мај годинава во објект на улица „Орце Николов“ во Тетово без да обезбеди лиценца и одобрение за регистрирање на автомат клуб организирал игри на среќа со покер-апарати и игри со кучиња (комар), без да ги плати давачките по Законот за игри на среќа и забавни игри оштетувајќи го Буџетот на РМ за износ 5.765.625 денари“, информираат од МВР.
На втори мај при извршена контрола во објектот се пронајдени 10 покер апарати, еден софтвер апарат и два ЛЦД телевизори наменети за игри на среќа.