Нова публикација на ССНМ за новинарството како јавно добро
Излезе петтиот број на публикацијата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници – „Новинарството како јавно добро“. Во овој број покрај феноменот на лажните вести обработена е и темата општествена одговорност.
Во новиот број на публикацијата се говори за медиумското описменување на публиката, за информацијата како општествена вредност, за ослободувањето од политичкиот притисок како предуслов за одржливост на медиумите, за тоа како да се спротивстават новинарите на омразата кон нив, за проблемот со вистинските вести, како и други текстови со корисни алатки за медиумските професионалци. Публикацијата е достапна на следниот линк.