/ Прочитано:

1.927

Новата зграда на Кривичниот судот ќе биде отворена на Денот на правосудството

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, очекува новата зграда на Судот да биде отворена на 31 март – Денот на правосудството. На денешната средба со новинарите, Џолев рече дека се чека да завршат процедурите во Катастарот и да се добие употребната дозвола. Новиот објект на Кривичниот суд ќе има 25 судници и многу подобри услови за работа.

31 март 1945 година се смета за ден на основање на судовите, односно поставување на темелите на судството во Република Македонија. На 31 март 1945 година се донесени Повелбата на АСНОМ за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија и Решението на АСНОМ за создавање Суд за судење на престапи против македонската национална чест. Со Повелбата се основани 25 околиски судови, 3 обласни судови со седишта во Скопје, Штип и Битола, и Врховен суд со седиште во Скопје.

М.В