/ Прочитано:

1.121

Нови докази во најголемата афера во историјата на ракометот: Полицијата ги прислушкувала телефонските разговори на браќата Карабатиќ

Петок, 5 октомври 2012 –  Не стивнува скандалот околу француските ракометни ѕвезди со хрватско потекло, Никола и Лука Карабатиќ, но и нивни соиграчи. Новинар на француски РТЛ имал прилика да ги слушне снимените телефонски разговори помеѓу ракометарите, нивните сопруги и девојките во моментот кога аферата изби во јавноста. Наводно во разговорите тие панично се договараат да ги усогласат исказите што веќе ги дадоа во полиција. Снимените разговори се очекува да бидат клучните докази во судскиот процес против браќата Карабатиќ и останатите ракометари кои се дел од оваа афера, пренесува хрватски  „Јутарњи лист“.

Лево: Лука Карабатиќ, десно: Никола Карабатиќ

Вкупно 18 лица, од кои деветммина се поранешни  и сегашни играчи на  „Монпелје“ се осомничени за илегално обложување и местењето на натпреварот меѓу францускиот првак и Сесињо, каде што францускиот првак изгубил до 28:31.  Од играчите осомничени се Никола и Лука КарабатиќМајкл Робин, Семјуел Орубија, Висен Хмам, Младен Бојиновиќ, Примош Прост, Драган Гајиќ и Вид Кавтичник. Досега покренато е обвинение против седуммина, меѓу нив е и сопственикот на барот за кој се смета дека тој е иницијаторот на продавањето на натпреварот. Според обвинението тој наводно се обложил со 25.000 евра откако телефонски се слушнал со девојката на Лука, Џени Прајз. Пуштен е на слобода со судски надзор, откако платил кауција, исто како и останатите обвинети.