/ Прочитано:

1.352

Нови дополнителни мерки за заштита од коронавирусот

 

Владата на Република Северна Македонија утврдени се дополнителни мерки и активности за спречување на внесување, превенција и ширење на коронавирус COVID-19 го разгледа Записникот од Третиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, одржан на 18 март 2020 година, го усвои Записникот и притоа ги донесе следниве заклучоци:

  1. Се задолжува Министерството за надворешни работи и Министерството за здравство, да ги споделат сите информации, списоци, листи на наши државјани кои се затечени на граничните премини надвор од Република Северна Македонија, а во моментов организирано или поединечно се упатуваат/враќаат од овие држави кон Република Северна Македонија.
  2. Се задолжува Министерството за внатрешни работи на секое лице кое ги напушта границите на Република Северна Македонија, да му даде да потпише лична изјава со која ќе се обврзе во наредните три месеци да не се врати назад во Република Северна Македонија.

За оваа цел, се задолжува Министерството за надворешни работи да подготви терк на изјава.

Исклучок од ова се возачите на товарните моторни возила кои секојдневно преминуваат граничен премин од и во Република Северна Македонија или граѓани кои ги напуштаат границите поради здравствени причини или лекување во странство.

  1. Сите производствени капацитети на подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа на кои постои кризна состојба, да го организираат својот работен тек и процес, како и влез и излез во овие подрачја, согласно посебен режим и протоколите на Министерството за здравство, по примерот на фабриката Кнауф Радика АД.
  2. Се задолжува Министерството за внатрешни работи и Царинската управа на Република Северна Македонија да стапат во контакт со АД Пошта на Северна Македонија, со цел да постапуваат согласно протоколите за превоз и транспорт за непречено спроведување на размена на пошта на меѓународниот поштенски сообраќај, потврдени со Министерството за здравство.
  3. Се задолжува министерот за транспорт и врски, м-р Горан Сугарески, да стапи во контакт со директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со цел да се реши проблемот со дозволите и протокот на премин на граничните премини во Република Северна Македонија за македонските возачи на товарните моторни возила.
  4. Се задолжува Мила Царовска, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија да преземе активности и координација помеѓу Министерството за економија, Царинска управа на Република Северна Македонија и стопанските комори, за да се разгледа можноста по предлогот на Министерството за здравство кој се однесува за сите медицински помагала и потрошниот медицински материјал кој се увезува во Република Северна Македонија за потребите за справување со моменталната ситуација, да се ослободат 100% од царинските давачки.
  5. Се задолжува Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство согласно протоколите и проценките од стручните лица на Министерството за здравство да преземат соодветни мерки и активности кон лицата кои во текот на денешниот ден ќе слетаат на Меѓународниот Аеродром Скопје со чартер лет од Република Германија.
  6. Се задолжува Министерството за внатрешни работи – ОВР Шуто Оризари да ги интензивира теренските контроли на територијата на општината во функција на спречување од организирање на групни собири.
  7. Се задолжува Министерството за надворешни работи, преку дипломатско – конзуларните претставништва во Република Северна Македонија да направи проценка за тоа колку државјани на Република Северна Македонија се надвор од државата, а бараат да се вратат во државата и врз основа на оваа проценка да се оствари контакт со WizzAir, со цел преку чартер лет организирано да се вратат во Република Северна Македонија. Ова да биде последна преземена мерка од Владата на Република Северна Македонија кон државјаните кои се надвор од границите на Републиката.
  8. Се задолжува Фондот за здравственото осигурување на Северна Македонија, да ги интензивира контролите и надзорите кон ординациите на матичните лекари, имајќи предвид дека има зголемена појава на затворање на овие ординации.
  9. Се задолжува Министерството за здравство да стапи во контакт со приватните производствени капацитети кои имаат можност и доставено понуда до Министерството за здравство за производство на заштитни маски.
  10. Се задолжува Министерството за здравство да стапи во контакт со приватните здравствени болници, со цел согласно нивните можности да се ослободат нивните здравствени капацитети за потребите на Министерството за здравство во спроведувањето со настанатата ситуација и преку соодветен правен инструмент (договор за соработка, меморандум и сл) да ги дефинираат начинот, условите, критериумите и обврските на двете страни.
  11. На предлог на Царинската управа на Република Северна Македонија, се задолжува Агенцијата за храна и ветеринарство да отстапи две пумпи за потребите на Царинската управа на граничните премини.“

Бескаматни кредити, субвенционирани придонеси, намалена каматна стапка за кредити

Филипче: Што значи вонредна состојба?

При постоење на вонредна состојба Владата донесува уредби со законска сила

УЈП нема да доставува решенија за присилна наплата

Разлики во прогласување вонредна и кризна состојба

Уставните одредби за вонредната состојба

Кривичниот суд: Ќе се продолжи со судење само на итните и неодложни предмети

Владата: Вонредна состојба веднаш

Кривичниот суд: Вршиме темелна дезинфекција на судниците и на просториите

Управниот суд: Се одложуваат сите судења, освен итните

МВР: Изменето работно време на отсеците за управни работи

Да се продолжат роковите за отплата на кредитите и да има финансиска поддршка за компаниите, препорачуваат од „Фајнанс тинк“

Советот на Народната банка донесе неколку одлуки за поддршка на економијата  

УЈП: Се продолжува рокот за поднесување обрасци за даночниот биланс

Донесена пресуда за непридржување до здравствените прописи за заштита од коронавирусот

Граѓанскиот суд: Известување за одложување на рочишта

Предлог за издавање казнен налог против лице кое не се придржувало до здравствените прописи

Филипче: Апелирам до граѓаните да ги почитуваат препораките, eпидемијата е во силен ек

Народната банка: Заради заштита на здравјето да се намали употребата на денарската и девизната готовина

Судскиот совет донесе одлука за постапување на судовите во услови на зголемена опасност од коронавирусот

Советот за безбедност: Поставеноста на државата во овој момент е соодветна

Замрзнати цените на основните продукти

Препораки до Судскиот совет за судењата и препораки до коморите на адвокатите, нотарите и извршителите

Нови заострени мерки за заштита од коронавирусот

Задолжителни упатства на Јавното обвинителство во врска со коронавирусот

Министерството за здравство: Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување

Одложување на мартовската уписна сесија

Адвокатската комора: Соопштение за работно време со странки

 Адвокатската комора со барање за воведување мерки за заштита од коронавирусот во правосудниот систем

Владата со нови препораки до работодавачите и до Јавното обвинителтсво

Воведена кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа

Објавени сите забрани за ширењето на коронавирусот

Кривичниот суд во врска со коронавирусот: Пред сè адвокатите, кои се најчести „посетители“ на судот, совесно да се однесуваат

Најнова листа на земји со среден и висок ризик

Судскиот совет: Граѓаните да се јавуваат во судските постапки само ако е тоа неопходно

Министерството за здравство со нови совети за заштита од коронавирусот

Катастарот со променето работно време

Министерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост

МИОА апелира да се користи можноста за добивање услуги по електронски пат

Нови мерки за заштита од коронавирусот

Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата

„Фајнанс тинк“ за заканите од коронавирусот за економијата

Филипче: Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

НБ: Коронавирусот се одразува врз глобалната економија, но сѐ уште се неизвесни економските ефекти

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот

Интегрален текст на заклучоците на Владата за заштита од коронавирусот

Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот

Градинките, училиштата и факултетите да бидат затворени следните 14 дена препорача Комисијата за заразни болести

Лекарската комора апелира лекарите и здравствените работници да се придржуваат до препораките за коронавирусот

ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот

Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

М.В