/Прочитано:

304

Нови измени на Законот за електронски комуникации

Владата го утврди Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации.

„Целта на измените и дополнувањата на Законот за електронските комуникации е да се ограничи, забрани и/или наметне специфични барања и услови базирани на процена на ризик, во однос на снабдувањето, употребата и работењето на опремата за електронските комуникациски мрежи, со цел да се обезбедат ‘чисти и безбедни електронски комуникациски мрежи’.

Измените и дополнувањата на Законот ги земаат предвид и безбедноста на критичните и чувствителни делови на електронските комуникациски мрежи, безбедност на самата опрема или околината (употреба, интерконекција итн.), ризикот од инволвирање на трета земја во ланецот на снабдување на опрема за електронските комуникациски мрежи, ризик од голема зависност од еден добавувач и производител на ниво на оператор на национално ниво, како и да се елиминираат ризици за националната безбедност“, образложуваат од Владата.

М.В