/Прочитано:

1.055

Нови измени на Законот за регистрирање на готовинските плаќања во врска со глобите и наплатата на даноците

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за регистрирање на готовинските плаќања. Измените и дополнувањата, велат од Министерството за финансии, се пропишуваат заради намалување на даночната евазија од даночните обврзници и за подобра наплата на даноците, како и за доуредување и допрецизирање на глобите за физичките лица и трговците поединци.

„Со цел намалување на фискалната евазија на даночните обврзници се врши доуредување на начинот на вршење на контрола и постапување на Управата за јавни приходи во случаите на констатирана неправилност. Дополнително, со овие измени се врши доуредување на глобите во законот. Исто така, се врши доуредување на начинот на издавање на фискални сметки кај вршителите на промет на храна и пијалоци за конзумирање во рамки на објектот на давателот на услугата, како и издавањето на сторни сметки кај истите и обложувалниците“, посочуваат од Министерството.

М.В