Нови мерки за заштита од коронавирусот
Владата објави соопштение во врска со новите мерки за заштита од коронавирусот.
„Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 19 март 2020 година, го разгледа и го усвои Записникот од Четвртиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 19 март 2020 година.
Истовремено, согласно предлозите изнесени во расправата на седницата, ги усвои следниве заклучоци:
1. Се забранува пристап на лица и возила во Парк шума „Водно“, секој ден, во период од 18:00 часот до 6:00 часот наредниот ден.
За оваа цел, се задолжува Министерството за внатрешни работи, со патролни возила да го затвори пристапот кон Парк шума „Водно“.
2. Се забранува собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини.
За оваа цел, се задолжуваат Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Северна Македонија да ги разбиваат овие групи и да ги интензивираат теренските контроли.
3. Се забранува одржување на наставата и спроведувањето на обуките и испитите во испитните центри од страна на школите за обука за возачи, за период од 14 дена.
За оваа цел, се задолжува Министерството за внатрешни работи доколку е потребно ова правно да го нормира во Уредба со законска сила.
Согласно ова, Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19.
4. Се препорачува на сите работодавачи во Република Северна Македонија, односно секое раководно лице на институцијата, во зависност од типот на работата и можностите, да ја организира работата и начинот на работа на вработените лица, преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирање на институцијата.
Исклучок од оваа мерка се вработените лица во Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, противпожарните територијални единици, Царинската управа, како и домовите за нега на стари лица и мали групни домови.
Согласно ова, Владата на Република Северна Македонија, на седниците на Владата и работните тела на Владата да разгледува само материјали поврзани со постоењето на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија.
5. Сите маркети, аптеки, банки и објекти кои даваат поштенски услуги, задолжително да обезбедат редарска служба при влез и во внатрешноста во овие објекти, со цел да се контролира влезот и бројот на лица во истите, така што ќе се обезбеди минимум потребното растојание од два метри помеѓу лицата пред и во објектите.
6. Се задолжува Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите во приватните куќи и вили во кои се организираат забави и собири (во општина Сопиште и во населеното место Соње), со цел да се преземат мерки за спречување на ваквите собири, а кон сопственикот на објектот и присутните лица затечени во објектите да се преземат соодветни законски мерки заради непочитување на мерките и препораките на Владата.
7. Се задолжува Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство да оствари работна средба со здруженијата на сточари и Федерацијата на фармери, во врска со извозот на јагниња, како и утврдување на мерки што треба да се преземат во овој период.“
Денеска Владата ја донесе и Одлуката за ограничување на извозот на пченица и наполица и брашно од пченица или наполица со тарифните ознаки 1001 19 00 00, 1001 91 90 00 и 1001 99 00 00 и 1101 00.
Ограничувањето на извозот од член 1 на оваа одлука ќе се применува до 30 април 2020 година, со можност за продолжување доколку состојбата со пандемијата го бара тоа.
Оваа одлука е усвоена со цел да не се нарушат состојбите на пазарот во земјата, и да се обезбедат доволни количини на брашно во земјата во услови на зголемена побарувачка на пазарот за овие производи, предизвикана со прогласувањето на пандемијата од СЗО и во услови на ограничен увоз на брашно поради донесената одлука за забрана на извоз на брашно и други производи од Република Србија во времетраење од 30 дена, кое завршува до средината на април 2020.
На денешната седница е усвоена и Одлука за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало на: леб, сол, шеќер, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови, лична заштитна опрема, средства за лична хигиена и дезинфекциони средства.
Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените на истите кои се применувале на 11 март 2020 година, кога од страна на Светската Здравствена Организација е прогласена пандемија на Коронавирусот COVID-19 и ќе се применуваат до 30 април 2020 година.
Со оглед на прогласувањето на вонредна состојба во нашата држава се јави потреба од донесување на оваа уредба со која се уредува одложувањето на полагање на испитот за вештаци, правосудниот испит, испитот за медијатори и испитот за нотари за време на траењето на вонредната состојба. За времено одлагање на овие испити, Владата денеска ги донесе Уредбата со законска сила за примена на Законот за вештачење, Уредба со законска сила за примена на Законот за правосудниот испит, Уредбата со законска сила за примена на Законот за медијација, и Уредбата со законска сила за примена на Законот за нотаријатот.
На предлог на Кабинет на заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Владата денеска ја прифати информацијата за економски мерки за справување со последици од Коронавирус, кои предвидуваат директна финансиска поддршка на ликвидноста кај микро, мали и средни компании од страна на Развојната банка на Северна Македонија. Секоја компанија, во зависност од бројот на вработени, ќе може да добие од 3 до 30 илјади евра. Микро компаниите, до 10 вработени, ќе може да подигнат кредит од 3 до 5 илјади евра, малите компании со 10 до 50 вработени, ќе може да подигнат кредит од 10 до 15 илјади евра и средните компании со 50 до 250 вработени, ќе може да подигнат кредит од 15 до 30 илјади евра. Кредитите се бескаматни, со каматна стапка од 0 проценти со грејс период од 6 месеци и рок на отплата од 2 години.
Втората мерка се однесува на поддршка за компаниите во делот на исплатата на плати со субвенционирање на придонеси за вработените во компании од секторите туризам, транспорт, угостителство и други погодени компании, за месеците април, мај и јуни од 2020 година, со субвенција на придонеси по вработен во висина до 50% од просечна плата исплатена во 2019 година, под услов компанијата да не го намали бројот на вработените под бројот на вработени во месец февруари од 2020-та година и ова да важи од денот на користење на мерката; понатаму, компанијата да не исплати дивиденда во текот на 2020 година, до денот на поднесувањето на годишна сметка, односно финансиски извештаи за 2020 година и компанијата да нема исплатено награда-бонус по влегување во сила на мерката. Само компаниите што имаат остварено добивка како финансиски резултат од работењето во 2020 ќе вратат субвенции за придонес во износ од 50% од добивката пред оданочување што значи дека мерката директно е насочена да им помогне на компаниите што оствариле послаби финансиски резултати во 2020 поради корона вирусот.
На оваа своја седница, Владата ја усвои и Одлуката за забрана на продажба на масло за горење екстра лесно масло за домаќинство ЕЛ-1 со содржина на сулфур најмногу до 0,1% (m/m), на бензинските станици во периодот од 15 aприл до 15 oктомври 2020 година.
Оваа одлука е донесена од причини што грејната сезона завршува на 15 април и тој вид на гориво исклучиво е наменето за затоплување на просториите на домаќинствата и на другите деловни простории, а неговата натамошна продажба после 15 април се забранува за да не се користи за погон на моторни возила и за другите видови на мотори“, се наведува во соопштението на Владата.
Адвокатската комора бара воведување економски мерки во врска со коронавирусот
Адвокатската комора: Не е време за лажна загриженост
Нови дополнителни мерки за заштита од коронавирусот
Бескаматни кредити, субвенционирани придонеси, намалена каматна стапка за кредити
Филипче: Што значи вонредна состојба?
При постоење на вонредна состојба Владата донесува уредби со законска сила
УЈП нема да доставува решенија за присилна наплата
Разлики во прогласување вонредна и кризна состојба
Уставните одредби за вонредната состојба
Кривичниот суд: Ќе се продолжи со судење само на итните и неодложни предмети
Владата: Вонредна состојба веднаш
Кривичниот суд: Вршиме темелна дезинфекција на судниците и на просториите
Управниот суд: Се одложуваат сите судења, освен итните
МВР: Изменето работно време на отсеците за управни работи
Советот на Народната банка донесе неколку одлуки за поддршка на економијата
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување обрасци за даночниот биланс
Донесена пресуда за непридржување до здравствените прописи за заштита од коронавирусот
Граѓанскиот суд: Известување за одложување на рочишта
Предлог за издавање казнен налог против лице кое не се придржувало до здравствените прописи
Филипче: Апелирам до граѓаните да ги почитуваат препораките, eпидемијата е во силен ек
Советот за безбедност: Поставеноста на државата во овој момент е соодветна
Замрзнати цените на основните продукти
Нови заострени мерки за заштита од коронавирусот
Задолжителни упатства на Јавното обвинителство во врска со коронавирусот
Министерството за здравство: Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување
Одложување на мартовската уписна сесија
Адвокатската комора: Соопштение за работно време со странки
Адвокатската комора со барање за воведување мерки за заштита од коронавирусот во правосудниот систем
Владата со нови препораки до работодавачите и до Јавното обвинителтсво
Воведена кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа
Објавени сите забрани за ширењето на коронавирусот
Најнова листа на земји со среден и висок ризик
Судскиот совет: Граѓаните да се јавуваат во судските постапки само ако е тоа неопходно
Министерството за здравство со нови совети за заштита од коронавирусот
Катастарот со променето работно време
МИОА апелира да се користи можноста за добивање услуги по електронски пат
Нови мерки за заштита од коронавирусот
Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата
„Фајнанс тинк“ за заканите од коронавирусот за економијата
Филипче: Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании
МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште
НБ: Коронавирусот се одразува врз глобалната економија, но сѐ уште се неизвесни економските ефекти
Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка
Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот
Интегрален текст на заклучоците на Владата за заштита од коронавирусот
Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот
ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус
Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот
Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот
Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот
Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот
М.В