/Прочитано:

394

Нови реакции за Законот за данокот на личен доход кој е во собраниска процедура

„Американската стопанска комора (Амчам) остро се противи на непочитувањето на процесот на јавна консултација од страна на Владата и Министерството за финансии во однос на Предлог-законот за личен доход објавен на 3 ноември преку Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР), без притоа да се испочитува рокот за забелешки и коментари, кој завршува на 28 ноември. Законот е веќе ставен во собраниска процедура на 26 ноември на пленарна седница бр. 66, по скратена постапка, со што воедно се скратува правото на заинтересираните страни да го изложат јавно своето мислење пред пратениците во Собранието. Сметаме дека со оваа постапка  Владата ја продолжува штетната пракса на користење на скратена постапка при носење на важни закони кои имаат огромно влијание врз економијата во Македонија, нешто што беше одлика на минатата гарнитура, без притоа да се почитува јавното мислење и ставовите на бизнис-заедницата. Со ваквото постапување на надлежните институции се нарушува партнерскиот однос меѓу приватниот и јавниот сектор”, се вели во соопштението.

„Американската стопанска комора смета дека прогресивното оданочување нема да го постигне посакуваниот ефект на подобрување на социјалната еднаквост, а ќе доведе до намалување на продуктивноста, вработливоста, и развојот на висококвалификувани кадри. Исто така, сметаме дека предложениот закон ќе ја намали даночната послушност и ќе ја зголеми сивата економија, при тоа ќе доведе до зголемена даночна евазија, отежнато прибирање на даноците, и зголемување на трошоците и комплексноста на прибирање даноци. Воедно, сметаме дека предложениот закон ќе има негативен ефект врз растот и развојот на македонската економија, одлив на капитал и намалени инвестиции, одлив на мозоци и дестимулација на иновативните ‘смарт’ индустрии кои генерираат најголеми приходи и се двигатели на економијата.

Амчам, како и останатите бизнис-асоцијации, смета дека ова не е погоден момент за воведување на прогресивно оданочување на личниот доход, особено не со предложениот закон кој е во собраниска процедура и не на начинот на кој се форсира Предлог-законот со користење на скратена постапка. Поради тоа бараме одложување на реформата за прогресивното оданочување, отворање на широка јавна дискусија и дебата, како и вклучување на експертизата на претставници од бизнис-секторот во рамки на работните групи при подготовка на сеопфатна даночна стратегија и реформа која во исто време ќе придонесе кон зголемување на бројот на даночните обврзници, подобрено собирање на даноците, правична распределба на средствата и зголемена социјална еднаквост, без негативно да влијае врз севкупната економија и нејзиниот раст”, додаваат од Комората.

За новите законски измени реагираат од Националниот младински совет, од каде што даваат конкретни забелешки за предложените решенија.

„На ЕНЕР се поставени предложени промени на Законот за личен доход, кои директно ги засегаат здруженијата на граѓани. Имено, во согласност со членот 12, став 1, точка 40 на Законот, се воведуваат дополнителни трошоци за организациите кои организираат настани во временски период над 3 дена. Дополнителните трошоци се однесуваат на трошоци за плаќање на личен доход за вашите учесници за сместување, пат и храна, ако вашиот настан е подолг од 3 дена.

Со оглед на ваквата ситуација, како Национален младински совет на Македонија, апсолутно сме против какво било дополнително плаќање на данок на личен доход за сместување, пат и храна кои се наметнуваат во Предлог-законот за личен доход. Ова претставува дополнителен товар за организациите и значително ќе ја намали охрабрувачката средина за развивање на младински форми на организирање и доедукација. Дополнителните трошоци, дополнителни бирократски процедури само ќе го намалат просторот за дејствување на младинските организации. Имајќи го тоа на ум, сметаме дека е важно да се тргне дополнителниот трошок во членот 12, став 1, точка 40 за организациите регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации. Дополнителните трошоци значително ќе ја намалат можноста на младинските организации долгорочно да работат на развојот на младите и ја става под знак прашалник можноста на младинските организации да организираат настани што се над 3 дена“, стои во реакцијата на НМСМ.

Стопанските комори реагираат на Законот за личен доход: Не се послуша гласот на бизнисот

Законот за личен доход ќе се носи по скратена постапка: Кои решенија ги содржи новиот пропис

УЈП во врска со новиот Закон за личен доход и одложувањето на обврската за  пензионерите

Новиот Закон за личен доход и за прогресивно оданочување влегува во собраниска процедура

Банкарите бараат предложените даночни измени да се одложат до влезот на Македонија во ЕУ

Заклучоци на Стопанската комора на Македонија во врска со предложената даночна реформа

Коментар на „ЦИВИТАКС“ за предложената даночна реформа

Примања на кои не се плаќа данок на доход според новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Видови доход кои се предмет на оданочување според новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Целосен текст на новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Министерството за финансии објави анализа за даночната реформа

Измени на данокот за личен доход: Дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно

Компаниите го поздравуваат одложувањето на најавената даночна реформа за прогресивно оданочување

Компаниите со истражување за прогресивното оданочување на личниот доход:  Не е погоден момент за вакво оданочување

Даночната политика во фокусот на Роуд-шоуто на слободниот пазар

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ: Потребно е праведно оданочување – богатите да плаќаат повеќе, а сиромашните помалку

„Фајнанс тинк“ за  буџетските ефекти од потенцијален прогресивен данок на доход

„Фајнанс тинк“ за извештајот на ММФ во врска со даноците, пензионирањето, минималната плата и социјалната помош

Трибина за данокот и за заштитата на правата на даночните обврзници

М.В