/ Прочитано:

1.191

Нови закони и законски измени чија примена стартува на 1 јануари 2013 година

Петок, 28 декември 2012 Бројот на законски измени и на нови закони чија што примена стартува на почетокот на годината е секогаш поголем од вообичаено, па така оваа Нова Година, Македонија меѓудругото ќе ја одбележи со стартот на примената на над 30 законски решенија. 

Дел од законите и измени на закони чија што примена стартува на 1 јануари 2013 година:

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/2010 – член 5)

  • Во членот 17 став 3 по зборот „плати“ се додава запирка и зборовите: „три просечни месечни плати во 2012 година и четири просечни месечни плати по 2012 година“
Закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.53/2011  – членови 8 и 23 став 3)
  • Во членот 34 се додава нов став 3, кој гласи: „Надлежниот државен орган, кој е обврзник за пресметка и уплата на придонесот за задолжителното здравствено осигурување, на здравствената установа и ги надоместува средствата за ослободување од учеството утврдено во ставот 1 алинеи 2, 3 и 4 од овој член.“
  • Ставот 3 кој станува став 5 се менува и гласи: „Договорите од ставот 1 на овој член, се склучуваат за период од 12 месеци од 1 јануари до 31 декември за тековната година, а доколку има нереализирани средства може да се склучат и за пократок временски период заклучно со 31 декември во наредната година.“
Закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.26/2012  – член 13)
  • Во членот 32 став 2 точката на крајот од реченицата се заменува со запирка и се додаваат зборовите: „но не повеќе од 200 евра во денарска противвредност“.
Закон за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2012 – Со денот на започнување на примената на овој закон ќе престанат да важат одредбите од членовите 6 точка 13, 71, 71-а, 71-б , 127 став (1) точка 32 и 139 став (1) точка 24 од Законот за управување со отпадот)
  • Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина кои треба да ги исполнат правните и физичките лица кои произведуваат и пуштаат на пазарот во Република Македонија електрична и електронска опрема и кои постапуваат со отпадната електрична и електронска опрема, како и другите субјекти кои учествуваат во постапките на производство и пуштање на електричната и електронската опрема на пазарот, ограничувањето на употребата на одредени опасни супстанции во производството на електрична и електронска опрема, начинот на собирање, третман, преработка и отстранување на отпадната електрична и електронска опрема, како и други прашања за управување со отпадната електрична и електронска опрема.
Закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство („Службен весник на Република Македонија“ бр.80/2012 – член 6)
  • Во членот 12 по ставот (5) се додаваат два нови става (6) и (7), кои гласат: „(6) Агенцијата може да се финансира и од концесискиот надоместок за користење на аеродромите во Република Македонија, уплатен за претходната година. (7) Собранието на Република Македонија на предлог на Агенцијата донесува одлука за користење на средствата од ставот (6) на овој член по претходно добиено мислење од Владата на Република Македонија.“
Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ бр.150/2010 – Член 17 став (1) алинеја 1 од ЗИД)
  • Членот 46 се менува и гласи: „(1) Посебни услови за избор на судија во основен суд, апелационен суд и во Врховниот суд на Република Македонија се: – за судија на основен суд може да биде избрано лице кое ја завршило почетната обука во Академијата за судии и јавни обвинители
Закон за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 84/2012  – член 1)
  • Во Законот за даночна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ број 13/2006, 88/2008, 159/2008, 105/2009, 133/2009, 154/10, 171/10, 53/11 и 39/12), во членот 53 по ставот (11) се додава нов став (12), кој гласи: “(12) По исклучок од ставот (10) на овој член даночните обврзници регистрирани за цели на данокот на додадена вредност, задолжително доставуваат даночни пријави на данокот на додадена вредност и даночни биланси пропишани со Законот за данок на добивка, по пат на пренос на податоци во електронска форма, а постапката на пренос ќе се врши согласно со одредбите од прописот од ставот (11) на овој член.“
Закон за адвокатски маркички   („Службен весник на Република Македонија“ бр. 84/2012)

  • Со овој закон се уредува воведување и користење на адвокатски маркички од страна на адвокатите поединци.
Закон за изменување на Законот за даноците на имот  („Службен весник на Република Македонија“ бр.84/2012 – член 1 и 2)
  • Во Законот за даноците на имот (“Службен весник на Република Македонија” број 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/11 и 53/11), во членот 5 ставот (2) се менува и гласи:  “Утврдувањето на пазарната вредност на недвижен имот ја врши лице проценувач кое е вработено во единицата на локалната самоуправа, а по барање на единицата на локалната самоуправа може да ја врши и лице кое е овластен проценувач.“ Во ставот (5) зборовите: “од комисијата“ се бришат.
  • Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува од 1 јануари 2013 година.
Закон за изменување и дополнување на Царинскиот закон  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2012 – член 3)
  • Членот 62 од Законот за изменување и дополнување на Царинскиот закон („Службен весник на Република Македонија“ број 44/11) се менува и гласи:  „Одредбите на членовите 24, 25, 26, 27, 28, 44, 45, 46 и 47 од овој закон ќе започнат да се применуваат од 01 јули 2012 година, а одредбите на членовите 2, 3, 4, 5, 6, 7, 9, 16, 17, 18, 19 и 61 од овој закон ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2013 година.“
Закон за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на Република Македонија“ бр. 171/2010 – член 8 )
  • Во членот 29 од Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на Република Македонија” број 159/2008) годината “2011” се заменува со годината “2013”.
Закон за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/2011)
  • Со овој закон се уредуваат: 1) целите на енергетската политика и начинот на нејзината реализација; 2) енергетските дејности и начинот на регулирањето на енергетските дејности; 3) изградбата на енергетските објекти; 4) статусот и надлежноста на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија; 5) пазарот на електрична енергија, пазарот на природен гас, пазарот на сурова нафта, нафтени деривати и горива за транспорт и пазарот на топлинска енергија; 6) условите за остварување на енергетска ефикасност и промоција на користењето на обновливите извори на енергија и 7) други прашања од значење за енергетиката.
Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на Република Македонија“ бр.74/2012 – член 55)
  • По членот 157 се додава нов член 157-а, кој гласи: (1) Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице кое како приредувач на игрите на среќа во казино, не обезбеди надзорен информациски систем преку кој се поврзани сите автомати за игри на среќа поставени во казиното, без оглед на тоа дали тие се сместени во една или во повеќе деловни простории на приредувачот или системот не обезбедува податоци за уплатата и исплатата на секој од автоматите кои можат да се прикажуваат во секое време или таквиот систем не овозможува негово поврзување со информацискиот систем на Управата за јавни приходи (член 66 став (6))…
Закон за изменување и дополнување на на Законот за превоз во патниот сообраќај 83/2010 („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2010 – член 5 став 1)
  • Во членот 8-в став 1 се менува и гласи: „Солидна финансиска состојба во согласност со овој закон има превозник кој има на располагање капитал и резерви во висина од најмалку 9.000 евра во денарска противвредност за првото возило и по 5.000 евра во денарска противвредност за секое наредно возило.”
Закон за Геолошкиот завод на  Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.136/2012)
  • Со овој закон се уредуваат основањето, работата, надлежностите, раководењето и финансирањето на Геолошкиот завод на Република Македонија.
Закон за пензиското и инвалидското осигурување  („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/2012 – член 19 став 2)
  • (2) На осигуреникот на кого ефективно поминати 12 месеци стаж на осигурување се смета како стаж на осигурување со зголемено траење на работни места и работи кои се изведуваат под земја и кој во текот на осигурувањето бил распореден на работи и работни места со различни степени на зголемување на стажот на осигурување, старосната граница за стекнување право на старосна пензија се намалува за секој период поминат на работно место со одреден степен на зголемување на стажот пропорционално на времето поминато на тоа работно место со намалување на старосната граница од ставот (1) на овој член. Вкупното намалување на старосната граница се утврдува како збир на пропорционално утврдените намалувања за секој поединечен период.
Закон за изменување и дополнување на на Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр.144/2012 – член 19 )
  • Во членот 58 по ставот (2) се дoдаваат нови става (3) и гласи: „(3) По исклучок од ставот (1) на овој член постапката за издавање на одобрение за градење за технолошките индустриски развојни зони формирани од Владата на Република Македонија и од правни лица и градбите во овие зони ја спроведува Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и одобрението за градење го издава директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.
Закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство („Службен весник на Република Македонија“ бр.155/2012 – член 1)
  • Во Законот за воздухопловство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 14/2006, 24/2007, 103/2008, 67/10, 24/12 и 80/12), во членот 4 став 2 точка 58 потточката ѕ) се брише. Во ставот 3 во втората реченица по зборовите: “професионални пожарникари“ се додаваат зборовите: “персоналот за прифаќање и испраќање на воздухоплови, патници, багаж, стока и пошта“.
Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2012 член – 5)
  • Во Законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ број 18/11), во членот 14 зборовите: „освен одредбите од членовите 2, 3, 4 и 9 од овој закон кои ќе се применуваат од 1 септември 2011 година и одредбите од членовите 5, 6, 7 и 8 од овој закон кои ќе се применувааат од 1 јануари 2012 година“ се заменуваат со зборовите: „освен одредбите од членовите 2, 3, 4 и  9 од овој закон кои ќе се применуваат од 1 септември 2011 година, одредбата од членот 5 од овој закон која ќе се применуваа од 1 јануари 2012 година и одредбите од членовите 6, 7 и 8 од овој закон кои ќе се применуваат од 1 јануари 2013 година.“
Закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2012  член – 5)
  • Во Законот за изменување и дополнување на Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ број 18/11), во членот 14 зборовите: „освен одредбите од членовите 2, 3 и 8 од овој закон кои ќе се применуваат од 1 септември 2011 година и одредбите од членовите 4, 5, 6 и 7 кои ќе се применувааат од 1 јануари 2012 година“ се заменуваат со зборовите: „освен одредбите од членовите 2, 3 и 8 од овој закон кои ќе се применуваат од 1 септември 2011 година, одредбата од членот 4 од овој закон која ќе се применуваа од 1 јануари 2012 година и одредбите од членовите 5, 6 и 7 од овој закон кои ќе се применувааат од 1 јануари 2013 година“.
Закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.156/2009 – член 2)
  • Во членот 9 ставот (2) се менува и гласи: „Приходите од данок на додадена вредност се обезбедуваат во висина од: – 4,5 % од вкупно наплатениот данок на додадената вредност остварен во претходната фискална година.“
Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата  („Службен весник на Република Македонија“ бр.114/2012 – член 1 – став 1 и 2, член 4 и член 5)
  • Во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (“Службен весник на Република Македонија“ број 54/2007, 86/2008, 98/2008, 64/2009, 161/2009, 36/11 и 51/11), во членот 2 став (1) точка 55 зборовите: “до 21 година возраст, како и возач на моторно возило“ се бришат. По точката 55 се додава нова точка 55-a, која гласи:  “55-a. Постар малолетник е малолетник кој наполнил 16 години, а не наполнил 18 години;“.
  • Во членот 235 став (3) по зборот “возач’“ се додаваат зборовите: “со навршени 18 години возраст“.
  • По членот 368 се додава нова Глава VII-а и пет нови члена 368-а, 368-б, 368-в, 368-г и 368-д.
Закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа („Службен весник на Република Македонија“ бр.11/2012 – член 2 став 2)
  •  Се однесува на тарифните ознаки кои се однесуваат на намалување на царинските давачки.
Закон за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.11/2012 –  член 2)
  • Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува со исплатата на платите за декември 2012 година.
Закон за изменување и дополнување на Законот за квалитет на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр.55/2012 – член 74-а став 4 алинеја 3 и членот 126 став 4)
  • – да се акредитирани од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија за пропишани методи за вршење на анализи.
  • „Трошоците за класирање на суровото млеко се во висина на стварно направените трошоци за нивното земање и анализирање и се на товар на производителите, преработувачките капацитети на млеко и од Буџетот на Република Македонија во годишните програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со учество во висина од една третина од трошоците на секоја вклучена страна.”
Закон за изменување и дополнување на Законот за процена („Службен весник на Република Македонија“  – член 1 став 2, член 4 и 5)
  • Точката 4 се менува и гласи:  „Проценувач“ е лице кое има положено стручен испит за проценувач и е вработено кај овластен проценувач, во единица на локалната самоуправа на работи од област на процена на пазарна вредност на недвижен имот за пресметување на данок на имот, во банка или штедилница регистрирана во Република Македонија или во Бирото за судски вештачења;“.
  • Во членот 7 точка 1 сврзникот „и“ на крајот од реченицата се заменува со запирка. Во точката 2 по зборовите: „Република Македонија“ се додаваат зборовите: „физичко лице вработено во единица на локалната самоуправа кое врши работи од областа на процена на пазарна вредност на недвижен имот за пресметување на данок на имот и во Бирото за судски вештачења кое врши работи од областа на процена за потребите на органите на државната управа“.
  • По членот 31 се додава нов член 31-а, што гласи – За процена извршена од страна на проценувачи вработени во Бирото за судски вештачења, за потребите на органите на државната управа не се исплатува награда за извршената работа ниту надоместок за реално потребните трошоци.“

Закон за изменување и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ бр.116/2012 – член 1, член 2, член 3 и член 4.)

  • Во Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ број 88/10), членот 53 се менува и гласи:  „Претседателот и членовите на Комисијата од членот 52 од овој закон имаат право на надоместок чија висина со посебен акт ја утврдува Управниот одбор на Академијата, а земајќи ги предвид бројот на пријавените кандидати, времетраењето на приемниот испит, сложеноста на активностите на подготовка и спроведување на приемниот испит, како и присуството на седници на Комисијата.
  • Во членот 62 ставот (7) се менува и гласи:  „Претседателот и членовите на Комисијата за завршен испит имаат право на надоместок чија висина со посебен акт ја утврдува Управниот одбор на Академијата, а земајќи ги предвид бројот на кандидатите кои го полагаат завршниот испит, времетраењето на завршниот испит, сложеноста на активностите на подготовка и спроведување на завршниот испит, како и присуството на седници на Комисијата.“
  • По членот 69 се додава нов наслов и нов член 69-а, кои гласат: „Надоместок на патни трошоци “
  • Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе започне да се применува од 1 јануари 2013 година.

Закон за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на Република Македонија“ број 166/2012 – член 4)

  • Одредбите од Законот за персоналниот данок на доход кои се однесуваат на оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност, нема да се применуваат од 1 јануари 2013 година до 31 декември 2015 година.

Закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва („Службен весник на Република Македонија“ број 166/2012 – цел закон освен член 3)  >> Консолидираните текстови на законите можете да ги прослeдите на akademika.com.mk.