/ Прочитано:

2.217

Нови законски измени за материјалното обезбедување на стечајците од периодот 1995 – 2017 година

Министерството за труд и социјална политика подготвува нови измени на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

Со законските измени, велат од Министерството за труд и социјална политика,  се овозможува материјално обезбедување и на лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок во периодот 1995 – 2017 година, по приватизација на претпријатието со доминантна државна сопственост.

„Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, ќе се овозможи материјална заштита на лица кои претходно не можеле да го користат правото на материјално обезбедување поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата“, образложуваат од Министерството.

М.В