/ Прочитано:

460

Нови законски решенија за рационално користење на земјоделското земјиште

„Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште. Целта на Предлог-законот е изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште заради доуредување на постојните законски одредби и воведување на нови законски решенија кои се однесуваат на рационално користење на земјоделското земјиште, неговата заштита како и воведување на нови поими и доуредување на одредени постапки.

Предлог-законот се заснова на истите начела на кој се заснова Законот за земјоделското земјиште“, образложуваат од Владата.