/ Прочитано:

1.277

Новинарот Божиновски изведен пред суд. Побарал одложување на сослушувањето за да се запознае со предметот

Божиновски е осомничен во случајот „Шпион“, но постапката за него беше раздвоена поради тоа што им беше недостапен на органите на прогон. Тој се товари дека ги сторил делата: злосторничко здружување од чл. 394 ст. 2, шпионажа од чл. 316 ст. 3 в.в со чл. 45 од КЗ и кривично дело уцена од чл. 259 ст. 2 в.в ст. 1 в.в со чл. 19 д КЗ.

Зоран Божиновски

Новинарот Зоран Божиновски, кој минатата недела беше екстрадиран од Србија поради потерницата што беше распишана против него како осомничен во предметот „Шпион“ и беше пренесен во затворот „Шутка“ на издржување на мерка притвор определена уште во 2013 година, денеска бил спроведен пред судија на претходна постапка кој постапува по стар истражен предмет за осомничениот.

Судијата, како што информираат од Кривичниот суд, денеска го информирал Божиновски во присуство на неговиот бранител Миле Петровски за истрагата што се води против него.

„Божиновски побара дополнително време за да се подготви, поради што планираното сослушување на осомничениот е одложено“ информираат од  Основниот суд Скопје 1.

Постапката за Божиновски се води по стариот Закон за кривична постапка (ЗКП).

Божиновски е осомничен во случајот „Шпион“, но постапката за него беше раздвоена поради тоа што им беше недостапен на органите на прогон.  Тој се товари дека ги сторил делата: злосторничко здружување од чл. 394 ст. 2, шпионажа од чл. 316 ст. 3 в.в со чл. 45 од КЗ и кривично дело уцена од чл. 259 ст. 2 в.в ст. 1 в.в со чл. 19 д КЗ.

Новинарот Зоран Божиновски, осомничен во „Шпион“, е предаден на македонските власти