/ Прочитано:

2.607

Новини во работењето на Агенцијата за катастар на недвижности

Агенцијата за катастар на недвижности е основач и го одржува катастарот на недвижностите, управува со геодетско-катастарскиот информациски систем и го воспоставува и го одржува јавниот пристап до Националната инфраструктура на просторни податоци.

АКН има повеќе надлежности, но главна определба во работењето е отвореноста кон корисниците и олеснувањето на пристапот и користењето на информациите кои таа ги става на располагање на професионалните корисници и приватните трговски друштва кои вршат геодетска дејност, како и овозможување на лесен пристап до сопствените услуги на граѓаните кои имаат потреба од нив.

Во таа насока, од Агенцијата за катастар на недвижности посочуваат дека за професионалните корисници Агенцијата обезбедила повеќе олеснувања во користењето на еКат шалтерот.

Услуги за професионалните корисници:

Професионалните корисници во електронска форма преку еКат шалтерот на АКН можат да поднесат:

барање за уверение за движење на недвижен имот;

барање за список на индикации на катастарски парцели;

барање за промени кај инфраструктурни објекти (кога се работи за парцела, дел на зграда или инфраструктура);

На професионалните корисници и приватните трговски друштва кои вршат геодетска дејност во електронска форма преку еКат шалтерот на АКН им се обезбедени следните услуги:

следење на статусот на поднесените поврзани барања, кои се прават во АКН,

можност за пребарување податоци по Катастарот на земјиште.

Агенцијата за катастар на недвижности за сите граѓани го олесни пристапот до своите услуги.

Услуга за граѓаните:

Граѓаните можат да поднесат барања за разни предмети за одделение во друг град, различен од местото на живеење.

На пример, како што сега може да се извади имотен лист за цела територија на РСМ од кое било место, така граѓаните ќе можат да поднесат различни барања во врска со сопствените имоти, во кој било град, за некоја друга општина, како на пример барање за промени кои настануваат врз основа на наследно решение и слично.

М.В