/ Прочитано:

1.496

Новини во Законот за безбедност на сообраќајот за казнената политика и за електричните тротинети

Владата на РСМ усвои предлози и измени на серија закони од надлежност на Министерството за внатрешни работи заради усогласување со претходно донесениот Закон за прекршоците.

„Со овие усогласувања во делот на казнената политика во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се предвидени значителни намалувања на казните и тие ќе изнесуваат од 15 до 250 евра како највисока граница, освен за животозагрозувачки прекршоци кои остануваат исти, и се укинува мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни.

Освен казнените одредби, се уредува и учеството на електричните тротинети во сообраќајот со цел да бидат заштитени оние кои управуваат со нив, но да бидат заштитени и граѓаните со одредби кои значат определување на  место на движење на тротинетите, возрасната граница за управување со овој тип на возила, како и обврската за користењето на заштитни средства.

Од другите измени се издвојуваат продолжувањето на рокот на важење на возачката дозвола за повозрасните возачи од 70 на 75 години, како и мерката времено одземање на возило кое предизвикува голема бучава и го нарушува јавниот ред и мир на граѓаните, како и возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола од шест или повеќе месеци“, образложуваат од Владата.

МВР подготвува измени на повеќе закони заради усогласување со новиот Закон за прекршоците во делот на глобите

Глобите за непочитувањето на сообраќајните правила и прописи кои се гаранција за безбеден сообраќај

М.В